ВИДЕО | Специјалците од „Тигар“ спасија изнемоштено лице од Галичник

Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде беше предадено за укажување на медицинска помош.

По упатен повик до Центарот за управување со кризи беше побарана помош од Министерството за внатрешни работи за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, општина Маврово-Ростуше. Од страна на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со Хеликоптерската единица на МВР, веднаш беше одговорено на поставената задача и за кусо време се завршија подготовките за оваа спасувачка мисија.

Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска во периодот од 7 до 10 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер.

Од страна на полициските службеници лицето беше подготвено за транспорт, ставено во хеликоптер и транспортирано до ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде беше предадено за укажување на медицинска помош.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот