ВИДЕО: Сообраќаен хаос во Виена откако активисти ги залепија рацете на асфалт на еколошки протест

Виена, Австрија / 11 јануари 2023 / Фото: wien.orf.at

Овој начин на протест се случува сè почесто во последниве месеци, а беа потребен голем број полицајци за да се среди метежот.

Денеска во Виена околу 8 часот наутро, активистите против загадувањето го „блокираа“ сообраќајот, на т.н. климатските блокади во Виена. Протестите се во организација на групата „Последната генерација“, млади луѓе, активисти, кои сакаат да ја зголемат свеста за глобалното загадување.

Според полицијата, блокадата се случила на неколку места во Виена уште во 8 часот утринава, при што настанал сообраќаен метеж, а луѓето не можеле да стигнат до своите работни места.

Еден од начините на покажување протест и заради успешност на блокадата, е тоа што протестантите ставаат лепак на рацете, па е потребно многу време за да им ги одлепат рацете од алфалтот на пешачките премини.

Откако во вторникот некои активисти долго време биле задржани во полиција, првично било нејасно каде ќе се одвива денешната акција. Демонстрантите од Грац, Линц и од Инсбрук ќе пристигнат и за следните акции, кои треба да се случуваат секој ден.

Овој начин на протест се случува сè почесто во последниве месеци, а беа потребен голем број полицајци за да се среди метежот.

„Лисиците и затворот сигурно нема да нè спречат. Станува збор за нашата иднина, за тоа дека луѓето сè уште ќе можат да имаат добар живот на оваа планета за неколку децении. Тоа е она за што се бориме, нема да дозволиме никој да нè запре“, изјавил 29-годишниот електроинженер Џејкоб.

Активистите ја обвинија владата дека „одбива да разговара“

„И покрај катастрофалниот биланс на стакленички гасови и неуспехот да се исполнат сите климатски цели, наједноставните, најевтините мерки какви што се возење со максимална граница од 100 км/ч на автопат, не треба ниту да се дискутираат“, се вели во објавата на „Последната генерација“.

Иако Виена воопшто не е меѓу најзагадените градови во светот, сепак загриженоста за околината е голема.

Во меѓувреме, борбата кај нас во Македонија се води на Фејсбук, а 100 км/ч се вози во градските средини.


Извор на насловна фотографија: wien.orf.at

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот