ВИДЕО: Со насмевка на лицето и лисици на рацете, уапсен контроверзниот Саакашвили

mihail saakashvili
Уапсен Михаил Саакашвили / Фото: EPA-EFE/GEORGIA INTERNAL AFFAIRS MINISTRY PRESS SERVICE /

Денеска полицијата во Тбилиси го уапси поранешниот претседател на Грузија, гувернерот на Одеса, Михаил Саакашвили, кој се врати во земјата каде што го чека затвор поради корупција.  

Саакашвили се појави во Тбилиси, помина низ градот, а потоа се огласи на Фејсбук, по што беше уапсен. 

Видеото што кружи по социјалните мрежи покажува како Сакшвили го вадат од автомобилот и со насмевка влегува во полициската зграда. 

Во 2018 година, Саакашвили беше осуден во отсуство за злоупотреба на службената положба на шест години затвор.  

Тој се врати во Грузија пред важните избори што ќе се одржат во таа земја во сабота, 2 октомври 2021 година.  

По речиси осум години во егзил, поранешниот грузиски претседател одеднаш одлучи да се врати во земјата. Прво се прошета низ главниот град Тбилиси, а потоа објави на Фејсбук, па неговите колеги грузиски полицајци му затропаа на вратата и му ставија лисици. Тој врзан позираше пред фоторепортерите во свој стил со својата позната насмевка. 

Уапсен поранешниот грузиски претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот