ВИДЕО: Сити убедлив против Астон Вила пред дербито со Арсенал

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Манчестер сити забележа победа над Астон Вила со 3:1 (3:0) во 23 коло од Премиер лигата. „Граѓаните“ веќе во првото полувреме го решија прашањето за победникот и на тој начин Пеп Гвардиола доби можност да одмори дел од играчите за мечот на сезоната против Арсенал.

Сити поведе во четвртата минута кога Марез од корнер упати одличен центаршут на првата статива од каде Родри со глава ја упати топката зад Емилијано Мартинез.

Гундоган во 39 минута го зголеми водството. Халанд ја искористи лошата интервенција на Калум Чемберс, а потоа го пронајде поранешниот германски репрезентативец, кој имаше лесна задача да ја затресе мрежата. Марез се погрижи за 3:0, а конечниот епилог го постави Воткинс.

Во победничка атмосфера играчите на Гвардиола го очекуваат дербито против Арсенал закажано за в среда од 20.30 часот.

На табелата Арсенал е првопласиран со 51 бод, три повеќе од второпласираниот Манчестер сити, со напомена дека „топџиите“ имаат еден меч помалку. Астон Вила која пак на 18 февруари ќе биде домаќин на Арсенал, се наоѓа на 11 позиција со 28 бодови.

ВИДЕО: Манчестер јунајтед славеше против Лидс со головите на Рашфорд и Гарначо на „Еланд Роуд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот