ВИДЕО | Силно невреме го погоди Сибир, тројца мртви, десетици повредени

Фото принтскрин икс

Силно невреме го погоди регионот Кемерово во југозападен Сибир, при што загинаа најмалку три лица, а 18 се повредени, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на регионалната агенција за цивилна заштита.

Невремето оштети стотици куќи. На социјалните мрежи можеше да се види видео од Новокузњецк на кое се гледа како дрво паѓа врз автомобил додека е во движење.

Многу домаќинства останаа без струја, а во прекин е и јавниот превоз. Градоначалникот Сергеј Кузнежов прогласи вонредна состојба. Во Новокузњецк со децении немало природна катастрофа од ваков размер, напиша тој на Телеграм.

Зафатени беа и други области на Сибир, вклучувајќи ги градот Новосибирск, Краснојарск и Иркутск.

Руското Министерство за енергетика соопшти дека во еден момент повеќе од 225.000 луѓе останале без струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот