ВИДЕО | Штутгарт го прегази Хамбургер и дојде на чекор да остане во Бундеслигата

Фото: VfB Stuttgart

Tимот на Штутгарт е многу блиску да остане во Бундеслигата откако вечерва го победи Хамбургер со 3:0 во првиот бараж натпревар.

Хамбургер долги години се мачи во германската Втора лига, а сезонава конкурираше за враќање во друштвото на најдобрите. Минатиот викенд фановите на овој тим веќе го славеа директниот пласман во Бундеслигата, но Хајденхајм со голем пресврт во судиското продолжение ги испрати во баражот.

Мрежата на Хамбургер се тресеше уште во првата минута кога погоди Мавропанос по асистенција од Хрватот Борна Соса. Јоша Вагоман зголеми на 2:0 во 51-та минута, а три минути подоцна Серху Гираси зголеми на 3:0.

Реванш натпреварот во кој на Хамбургер ќе му биде потребно чудо се игра на 5-ти јуни од 20:45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот