ВИДЕО | „Северина треба да се силува!“ Молк во студиото, Ведрана Рудан ја оставила водителката без зборови

Ведрана Рудан/ Северина/ Фото: Принтскрин/Јутјуб/Hapyy/ Инстаграм

Хрватската писателка Ведрана Рудан е позната по својот остар јазик и остар став. Сега Рудан во емисија на „ТВ Прва“ го изнела своето мислење за хрватската пејачка Северина, на свој начин – искрено и без завиена форма.

„Северина е најмоќната жена во историјата на Хрватска. Зборувам за Хрватска, земја која постои од 1991 година. Таа дефинитивно е најмоќна. Таа се покажува, таа се прикажува. Таа е таа. Таа е Северина, нема презиме, само Северина! Таа е идеална мета за државата. Северина треба да биде силувана“, жестоко започнала Ведрана и ја оставила водителката во шок.

„И тогаш испраќаш порака до сите други жени, кои не можат да го достигнат тоа ниво. Па ако, државата Хрватска, а тоа претходно го изјавив во Србија, а веќе ја има силувано, преку судови, судски одлуки, преку моќта – врз неа се изживуваа хрватските „мажјаци“, продолжила таа и додала: „Јас воопшто не го обвинувам нејзиниот поранешен партнер, тој има право да се бори, бидејќи знаеме какви се мажите. Но, состојбата на Хрватска ни испрати порака на жените, кои не сме Северина – доколку се буните, доколку барате правда, доколку мислите дека ќе се изборите за било што, ќе завршите како Северина!“

Пејачката веднаш го споделила гостувањето на Ведрана на својот профил на Инстаграм со зборовите: „Не знам што направив за да ја заслужам нејзината љубов и заштита која секогаш ми ја пружа. Не се знаеме, но се сакаме. Јас отсекогаш ја сакав, бидејќи никој не умееше да ѝ парира во разговорот. Таа сите ги препарира. Духовито … да боли. Боли нејзината слобода. Ведрана го разведрува денот. Благодарна сум, и се смеам. Само мојата мајка би била „полоша од неа“. Мајка ми ја држам „на синџир“ веќе 9 години. Наместо мојата мајка, нашите мајки, говори Ведрана. Навистина сакам што ме сака Ведрана.“

ВИДЕО | Почна судењето на Северина: Не се чувствувам виновна, дотичните госпоѓи треба да се на мое место

Северина се повредила на концерт: „Мислев дека ми се скрши потколеницата“

Северина за Милан Поповиќ: Тој сѐ уште ме сака, не може да му помине еден ден без мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот