ВИДЕО | Се врати и победи: Седумминутни стоечки овации во Кан, Џони Деп се расплака

Фото: Italy Photo Press / Zuma Press / Profimedia

Филмскиот фестивал во Кан оваа година беше отворен со премиерата на францускиот филм „Jeanne du Barry“ во режија на Мејвен Ле Беско, во кој Џони Деп го игра францускиот крал Луј Петнаесетти.

Американскиот актер Џони Деп, не можеше да ги задржи солзите по седумминутните стоечки овации за новиот филм „Jeanne Du Barry“, вчеравечер на Канскиот филмски фестивал.

Додека публиката аплаудираше, актерот не можеше да ги совлада своите емоции. Видеото од солзите на актерот набрзо почна да се шири на социјалните мрежи. Публиката беше воодушевена од неговиот успех, а на социјалните мрежи беа напишани безброј честитки и убави желби упатени до актерот.

„Заслужено! Браво“, „Горди сме на тебе, „Честитки“, коментираат следбениците на Твитер.

Фото: Castel Franck/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Филмот го режираше и продуцираше Мејвен Ле Беско, која ја игра главната женска улога заедно со Џони.

ФОТО | Француската легенда Катрин Денев официјално го прогласи за отворен Канскиот филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот