ВИДЕО | Сцени какви што не се паметат: Навивачите на Фенербахче и Галатасарај заеднички ги пречекаа фудбалерите

Фото: Screenshot

Вчера фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај требаше да го играат финалето на турскиот Суперпкуп во Ријад, но натпреварот се одложи поради проблемот со организаторите.

Фудбалерите на турските гиганти сакале пред натпреварот да излезат со дресови со ликот на Кемал Ататурк и така да ја одбележат стогодишнината од основањето на републиката. Планирано било да се истакне и транспарент: Мир дома, мир во светот.

Но, на саудиските домаќини тоа не им се допаднало, па забранија истакнување на било какви транспаренти на таа тема. Тоа не им се допадна на фудбалерите кои не излегоа на теренот и се вратија во Турција без да го одиграат натпреварот.

Ваквиот потег беше причина за ретко видени сцени во кои илјадници навивачи на двата тима ги дочекаа фудбалерите на аеродромот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот