ВИДЕО | „Роналдо, ти го чувам грбот“: Патрис Евра ги насмеа сите со лудата објава

На Кристијано Роналдо му пречеше утринското блеење на овците во селото/Манчестер, Англија/Фото: EPA/MAGI HAROUN/Принтскрин/Инстаграм

Во текот на денот се појави веста дека Кристијано Роналдо морал да се пресели од својата вила во Манчестер, бидејќи како причина била наведен неговиот „сосед“, односно овците што се на копното до него и кои не му дозволуваат да спие.

Не помина долгo, реагираше и Патрис Евра, неговиот поранешен соиграч, да излезе и да најде „решение“ за овој проблем.

Французинот стана познат по своите комични објави на социјалните мрежи во кои носи радост за сите фанови, тој обично е единствениот актер во тие видеа, каде што зборува за тоа колку ја сака „таа игра“ (мислејќи на фудбалот) или како танцува волшебно.

Сега одлучи да му помогне на својот пријател Роналдо кој едноставно не можеше да го поднесе утринското блеење на овците.

Евра објави видео каде може да се види во чамец со неколку овци, а не се знае каде ги нашол, ниту каде отишол со нив.

Неговата сопруга Георгина објави слика од децата со овците, но ваквиот живот не му одговараше на Кристијано во селото во околината на Манчестер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот