ВИДЕО | Роналдо: Ќе се пензионирам доколку Португалија годинава биде светски шампион

Кристијано Роналдо меѓу ветераните на Мундијалот во Катар/фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека ќе стави крај на професионалната кариера доколку со Португалија го освои Светското првенство во Катар.

Во интервјуто со Пирс Морган, Португалецот изјави дека неговиот тим има шанса во Катар и верува дека може многу да придонесе во претстојните натпревари.

– Јас сум многу оптимист. Имаме фантастичен селектор и добра генерација играчи. Со нетрпение очекувам да бидам дел од фантастично Светско првенство. Нема да биде воопшто лесно, но се е можно. Одиме се натпреваруваме – вели Роналдо.

На прашањето дали ќе се пензионира доколку Португалија го освои Мундијалот, Роналдо одговори:

– Да, би се пензионирал, 100 отсто – се зборовите на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Португалците на СП 2022 се наоѓаат во групата „Х“ со селекциите на Гана, Уругвај и Јужна Кореја.

Кристијано Роналдо со нови обвиненија: Тен Хаг ме провоцираше

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот