ВИДЕО | Ромни: Трамп убедливо ќе победи меѓу републиканците на следните избори

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas

Доналд Трамп убедливо ќе победи во трката за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година, доколку одлучи да се кандидира, рекол републиканскиот сенатор Мит Ромни.

Ромни се смета за еден од најголемите противници на Трамп во Републиканската партија, а неодамна гласаше и за неговото отповикување во Сенатот, под обвинение дека поттикнал бунт за време на нередите во Вашингтон на 6 јануари.

– Трамп има најсилен глас и големо влијание во мојата партија. Не знам дали планира да се кандидира во 2024 година, но ако се кандидира, сигурен сум дека ќе ја освои претседателската номинација, рекол Ромни.

Сенаторот од Јута додаде дека „сѐ може да се случи до 2024 година“, но дека мисли дека Доналд Трамп „убедливо ќе победи меѓу републиканците“, пренесува Њујорк пост.

Тој наведе и истражувања кои покажуваат дека 53 отсто од републиканците гласале за Трамп за претседателски кандидат. На второто место е Мајк Пенс, досегашниот потпретседател на САД со 12 отсто, додека останатите имаат едноцифрена поддршка.

Ромни објасни дека тој не би ја поддржал номинацијата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот