ВИДЕО: Ријана маскирана влетала на протест, никој не поверувал дека тоа е таа!

Во понеделникот во Њујорк се одржа протестот „Stop Asian Hate“, на кој се појави и пејачката Ријaна која со своето доаѓање изненади многумина. Имено, таа имала маска на лицето и големи очила за сонце и речиси никој не ја препознал.

Еден човек ја снимил Рјана и ја прашал дали може да ја објави на Инстаграм.

Таа се согласи да го впише својот назив на профилот, по што тој останал во неверување кога сфатил дека станува збор за светската ѕвезда, особено што не ја препознал на прва.

„Тоа си ти?“, ја запраша шокирано, а пејачката започна гласно да се смее.


Целата ситуација е снимена и таа стана вирална на социјалните мрежи.

На видеото се слуша и како Ријана објаснува зошто името го впишала малку неспретно.

„Имам преголеми нокти“, смирено му објаснила.


Ријана на протестите се придружила без најава, се вклучила во масата луѓе и играла на музиката која свирела во позадина. Таа била во друштво на својата асистентка Тина Труонг, која ја сними ситуацијата за Инстаграм.

Инаку, во Америка омразата кон Азијатите е горлива тема, а ескалација на ситуацијата поради која се одвиваа и протестите се случи минатиот месец во Атланта, кога во салоните за масажа беа убиени осум луѓе, од кои шест биле со потекло од Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот