ВИДЕО: Реми на Партизан и Црвена звезда во 168 „вечно“ дерби

Партизан и Црвена звезда ги поделија бодовите во најголемото српско фудбалско дерби/Белград, Србија/31 август 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Партизан и Црвена звезда одиграа нерешено 1:1 на стадионот во Хумска во Белград пред 18,568 гледачи, во натпреварот од деветтото коло од Супер лигата на Србија.

Во 168 „вечно“ дерби, Црвена звезда поведе преку Осман Букари во 26 минута. Репрезентативецот на Гана натрча на одбиената топка од работ на шеснаесетникот, која се одби од стативата и со прекрасен волеј стрелаше во мрежата на домаќините.

Белградските „црно-бели“ успеаја да дојдат до израмнување, на стартот од второто полувреме нивниот играч Марко Живковиќ падна по контакт со Катаи во шеснаесетникот на гостите.

Реакција имаше и од ВАР собата, а по гледањето на видеото, главниот судија Милан Митиќ покажа на белата точка. Во 56 минута пеналот го реализираше Натхо за радост кај домашните навивачи.

По седум одиграни натпревари, Црвена звезда е прва на табелата во шампионатот со 19 бодови, додека Партизан има 12 бода од исто толку натпревари и е на осмото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот