ВИДЕО | Рецепт за домашна нутела, ќе добиете двојна количина

Фото: Wikimedia Commons

Нутела е најпознатиот намаз во светот, кој многумина го сакаат. Главна состојка е на многу филови за колачи и торти, одлично оди со палачинки или само намачкана на леб… а одлична е во комбинација со банана за домашен сладолед.

Дали знаете дека и дома можете да го направите омилениот намаз и тоа поголема количина. А ако сакате да има побогат и покремаст вкус, наш предлог е да додадете растопено чоколадо.

Состојки:

– 1 шолја печени лешници
– 140 грама млечна чоколада
– 2 лажици масло
– 3 лажици шеќер
– 1 лажица незасладено какао
– 1/2 лажичка екстракт од ванила
– 1/2 лажичка сол

Подготовка:

Лешниците исчистете ги и измелете ги во блендер.

Кога ќе бидат ситно мелени, додаjте масло и ванила, па уште кратко блендирајте.

Потоа додаjте ги шеќерот, какаото и солта, па повторно изблендирајте.

Нутелата е готова, но доколку сакате малку покремаст и посилен вкус, додаjте го растопеното чоколадо, па добро соединете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот