ВИДЕО: Реал Мадрид минимално славеше против Лајпциг, Елмас доби минутажа против „кралевите“

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите фудбалерите на Реал Мадрид славеа на гостувањето кај Лајпциг со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за „кралевите“ во Германија беше Дијаз на стартот од второто полувреме (48`).

Претходно во текот на првиот дел уште во втората минута домаќините постигнаа гол преку Шешко, но истиот беше поништен поради офсајд после ВАР снимката.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за Лајпциг настапи од 75 минута како замена за Олмо.

Реванш мечот во Шпанија на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ ќе се игра на 6 март со почеток од 21.00 часот.

ВИДЕО: Данците не издржаа на „Паркен“, Манчестер сити носи убава предност од Копенхаген

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот