ВИДЕО | Реал Мадрид и без Бензема до победа во дербито со Севиља

Фото: EPA-EFE/Mariscal

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва на свој терен ја победија Севиља со 3:1 во дербито на 11. коло во Ла Лига.

„Кралевите“ вечерва беа без својот најдобар играч Карим Бензема кој се повреди, но и покрај тоа избраниците на Анчелоти дојдоа до победата. Реал Мадрид и понатаму е единствениот клуб во Ла Лига кој не знае за пораз.

Домаќините одлично го отворија натпреварот, до предност стигнаа уште во 5. минута. Винисиус Жуниор имаше одличен соло продор, уфрли во петерецот каде што беше Модриќ кој погодува за 1:0. До втор гол Реал можеше во 19. минута кога Давид Алаба одлично изведе слободен удар, но топката заврши покрај голот. Со предност од 1:0 „кралевите“ заминаа на паузата.

Гостите од „Андалузија“ во 53. минута стигнуваат до изедначување. Монтиел одлично го пронајде Ерик Ламела кој излезе сам пред Куртоа и го совлада за 1:1. Меѓутоа тоа беше се од Севиља во овој натпревар. До крајот на натпреварот Реал Мадрид преку Лукас и Валверде стигна до победа од 3:1. На табелата Реал Мадрид е прв со 31. бод, шест повеќе од Барселона која утре го игра својот натпревар од ова коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот