ВИДЕО: Реал Мадрид и Барселона во посебни дресови за „Ел Класико“

Барса ќе се обиде да ја прекине победничката серија на Реал/Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Барселона објави дека неделното „Ел Класико“ на 20 март во Мадрид ќе игра во каталонски, „црвено-жолти“ бои. Пристигна одговорот од „кралскиот“ клуб.

Реал за најголемото шпанско фудбалско дерби кое ќе започне од 21.00 часот ќе игра во црни бои.

Лидерот во „Ла Лига“ за оваа пресметка против каталонскиот клуб се одлучи за промоција на специјален дрес за 120-годишнината на клубот.

Играчите на Карло Анчелоти влегуваат во мечот со дури 15 бода повеќе од Барселона и натпревар повеќе од најголемиот ривал.

На последните четири меѓусебни дуели во „Ла Лига“ подобар беше составот на Реал, во 2020 година (3:1 и 2:0) и во 2021 година двапати со 2:1. Последен пат Барса славеше во 2018 година со дури 5:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот