ВИДЕО: ПСЖ во дербито го совлада Милан и сега е на врвот во најсилната група во ЛШ

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Во рамките од третото коло во фудбалската Лига на шампионите во групата „Ф“ ПСЖ со 3:0 на домашен терен го совлада Милан.

По првото полувреме на „Паркот на принцовите“ во Париз водеше францускиот првак со голот на Мбапе во 32 минута.

За 2:0 се погрижи Коло Муани во 53 минута, а конечниот епилог во 89 минута го постави Ли Канг-Ин.

Во истата група Борусија Дортмунд со погодокот на Нмеча во 45 минута славеше на гостувањето кај Њукасл (0:1).

По три кола води сега ПСЖ со шест бодови, по четири имаат Борусија Дортмунд и Њукасл, а последен е Милан со два.

Во другите мечеви: Антверпен – Порто 1:4, Селтик – Атлетико Мадрид 2:2, Лајпциг – Црвена звезда 3:1, Јанг Бојс – Манчестер сити 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот