ВИДЕО: Први победи за Баерн, Барселона, Жалгирис и Макаби во Евролигата

фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Во германскиот дуел кошаркарите на Баерн победија вечерва во Минхен против Алба Берлин со 80:68 во натпреварот од првото коло од Евролигата.

Во тимот на Баерн најефикасен беше Силван Франсиско со 17 поени, а Исак Бонга имаше „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 10 скокови. За Алба, по 12 поени запишаа Јоханес Тиман и Луис Олинде.

Кошаркарите на Жалгирис Каунас победија на гости против Виртус Болоња со 82:79. Литванскиот тим го предводеше Кинан Еванс со 25 поени, а во италијанскиот тим доминираше Џордан Мики со 18.

Успешен старт имаше и Барселона која дома со 91:74 го совлада Анадолу Ефес најмногу благодарение на Вили Хернангомез кој се истакна кај Шпанците со 18 поени, а Шејн Ларкин беше прв стрелец во редовите на турската екипа со 16 поени.

Црвена звезда претходно убедливо го надигра составот на Асвел Лион Вилербан, а вториот српски претставник во елитата Партизан загуби од Макаби Тел Авив со 96:81.

За Израелците Лоренцо Браун блескаше со 22 поени (осум асистенции), а на спротивната страна за белградските „црно-бели“ Алекса Аврамовиќ имаше 24 поени.

Евролига, прво коло

Четврток, резултати

Црвена звезда – Асвен Лион Вилербан 94:73
Макаби Тел Авив – Партизан 96:81
Барселона – Анадолу Ефес 91:74
Баерн – Алба Берлин 80:68
Виртус Болоња – Жалгирис Каунас 79:82

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот