ВИДЕО | Првата дадилка „издржала“ само седум дена: Кои биле очекувања на Џенифер Лопез?

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Пред десетина години, Џенифер Лопез очајно барала дадилка кога нејзините близнаци Макс и Еми биле многу мали, а нејзината кариера во подем. Да се ​​најде дадилка за Џеј Ло навистина не било тешко, бидејќи кој не би сакал да биде во близина на светска ѕвезда и да добива плата за тоа?

Иако се шпекулираше дека дадилките се збогатиле, можеше да се слушне и другата страна на приказната на оние кои решиле да ја прифатат оваа работа. Имено, Лопез имала проблеми со дадилките бидејќи често ги напуштале работните места поради големите очекувања што ги имала пејачката.

Се зборуваше дека сумата што ја добиваат дадилките е околу 2.250 долари неделно. И покрај високата плата, Лопез им давала премногу работа на дадилките и работата на крајот била премногу напорна за повеќето од нив.

„Вообичаено луѓето кои заработуваат огромни суми на пари и имаат многу професионални и социјални обврски ангажираат по една дадилка за секое дете, особено за новороденчиња. Но, Џенифер очекувала една дадилка да се грижи за близнаците, но и да работи 16 часа дневно, седум дена во неделата“ – открил изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Првата дадилка „издржала“ само седум дена, а и на втората дадилка набрзо и било премногу.

Лопез во една прилика призна дека нејзините деца и кажале што не функционира во нивната врска, како на пример дека постојано работела и поминувала многу време надвор од дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Пејачката призна дека променила многу работи во животот за да има функционално семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот