ВИДЕО | Пронајдена гробница со 450 обезглавени скелети на „вампири“ во Полска

Фото: Принтскрин/ Твитер

Масовна гробница со над 400 скелети на „вампири“, е откриена за време на изградба на пат во Полска, пишува „Дејли мејл“.

Морбидното откритие во полското село Лужино, покажа дека некои од 450-те скелети биле обезглавени, а черепите им биле поставени меѓу нозете, со монета во устата.

Се верува дека ваквата практика на погребување била вообичаена во овој регион, во текот на 19 век, со која се отстранува „проклетството на вампирите“.

Археологот Мачеј Стромски кој работи на истражувањето, вели дека оваа масовна гробница е на оние, за кои се верува дека излегувале како вампири од гробовите, па жителите тоа сакале да спречат со нивно обезглавување.

„Се верувало дека ако некој член од семејството, на штотуку починатиот, умре набргу по погребот, може да стане вампир“, објаснува Стромски.

Археологот објаснува дека гробовите биле откопувани, при што на починатите им биле отсекувани главите и поставувани помеѓу нозете. Тој додаде дека, во околу 30 отсто од откриените гробови, истражувачите пронашле и тули поставени до нозете, рацете и главите на скелетите.

Во септември минатата година, во Полска биле пронајдени и посмртните останки на „женски вампир“ закачени на земјата со срп преку грлото и со заклучен прст од ногата за „да се спречи нејзиното враќање од мртвите“.

Инаку, вакви гробници пронајдени во Полска, се вообичаени и пошироко во Европа, поради распространетите суеверија и народни легенди за мртвите кои се враќаат во живот и ја цицаат крвта на живите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот