ВИДЕО | Пронајден фосил од вилинско коњче стар 202 милиони години

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Водните девици и вилинските коњчиња го сочинуваат суперредот на инсекти Однатоптера, една од најстарите групи крилести инсекти. Најстариот доказ за нивното постоење е од периодот на Карбон, Серпухов.

Одонатоптерата од Крбон ги вклучува познатите, големи прото-одонити со најголем распон на крилјата (71 см) од кој било инсект што некогаш живеел.

Новото откритие сугерира дека Liassophlebiidae – мало изумрено семејство на вилински коњчиња познато од раниот мезозоик во Европа, Азија и Антарктикот – се појавило веднаш по масовното истребување на периодот Тријас-Јура, пишува „Сајњуз“ (SciNews).

Тријас бил важен период за лозата на Одонатоптера, со диверзификација на три групи – Протозигоптери, Триадофлебиоморфа и круна група Одоната.

Една од најраните лози на Одоната е Liassophlebiidae. Првпат опишано во 1925 година, ова семејство моментално вклучува пет рода: баварофлебија, ферганофлебија, грименоптерон, росифлебија и лијасофлебија.

Новиот примерок на Liassophlebiidae има нецелосно предно крило, долго 4,2 см и широко 1 см. Фосилот е стар 202 милиони години, од најновиот дел од Ретската ера на Тријас и веројатно претставува нов вид од родот Liassophlebia.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот