ВИДЕО | Патниците на ЈСП ќе можат да користат виртуелна автобуска карта

Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ги информира патниците дека од неодамна е целосно функционална мобилната апликација „Скопска“ која, како што објаснуваат од претпријатието, претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“, практично таа е виртуелна автобуска карта.

Апликацијата е достапна за корисници на паметни мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем.

„Апликацијата нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз. Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на [email protected]“, информираат од ЈСП Скопје.

Оттаму велат дека, апликацијата е создадена исклучиво водејќи се со паролата „Биди во чекор со дигиталниот свет“, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот.

„И натаму корисниците на јавниот превоз билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје“, објаснуваат од јавното претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот