ВИДЕО: Партизан намали во АБА финалето против Црвена звезда

Партизан триумфираше над Црвена звезда во третиот меч од финалето/Фото: Partizan NIS/Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Партизан ја совладаа Црвена звезда со 70:67 во третиот натпревар од финалето во АБА лигата и така го намалија водството на „црвено-белите“ на 2:1 во серијата.

Во салата „Александар Николиќ“ исполнета само со навивачи на Партизан, играчите на Жељко Обрадовиќ до победата беа предводени од Кевин Пантер со 22 поени, а го следеа Алекса Аврамовиќ со 14 и Далас Мур со девет поени.

Најефикасен во редовите на поразениот тим беше Огњен Добриќ со 20 поени, додека Дејан Давидовац постигна 17.

Имаше инцидент поради кој беше прекинат мечот на 57 секунди до крајот, при водство на „црно-белите“ со 68:65. Судиското триото во состав Матеј Болтаузер, Урош Николиќ и Милан Недовиќ, го напушти паркетот бидејќи навивачите на Партизан фрлаа запалки и мобилни телефони во теренот.

Кога беа испразнети делови од трибините зад тунелот и зад кошот каде што ги напаѓаа играчите на Црвена звезда, натпреварот продолжи по пауза од 50 минути поради прекин.

Во петок од 18.30 часот на програмата ќе биде четвртиот натпревар од финалната серија на АБА лигата, а домаќин повторно ќе биде Партизан. Евентуалната „мајсторка“ ќе биде во понеделник на 6 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот