ВИДЕО: Пандев промаши пенал, Џенова сепак славеше

epa09156685 Genoa's Goran Pandev (L) and Spezia's Claudio Terzi (R) in action during the Italian Serie Serie A soccer match, Genoa CFC vs Spezia Calcio at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 24 April 2021. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипата на Џенова во првиот натпревар од 33 коло во Серија А ја совлада Специја со 2:0.
Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, имаше можност во 28 минута ја го донесе својот тим во водство, но не го реализира пеналот.

Тоа што Пандев го промаши во првото полувреме, неговите соиграчи го надополнија во второто. Џенова поведе во 62 минута со голот на Џанлука Скамака, а победата ја завери Елдор Шомуродов на четири минути до крајот на средбата.
Пандев кој беше дел од почетниот тим на Џенова, на теренот помина 56 минута по што беше заменет од Скамака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот