ВИДЕО: Падна проектил врз станбена зграда во Киев, едно лице загина, тројца се повредени

Зграда во Киев во пламен/Фото: Твитер

Најмалку едно лице загина, а три се повредени кога остатоци од соборен проектил паднале врз станбена зграда во украинскиот главен град Киев, соопшти Украинската служба за итни случаи.
Несреќата се случила во областа Дарнички околу четири часот утрово по средноевропско време.

Пожарникарите и спасувачите набрзо пристигнале на местото на несреќата.

Жителите кои живеат во повисоките делови на зградата се евакуирани, а спасувачките служби се обидуваат да ги пробијат урнатините за да им помогнат на луѓето кои се затрупани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот