ВИДЕО | „Ова е лудо“: Лени Кравиц објави видео како вежба и ја шокира јавноста со изборот на облеката за вежбање

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Музичарот Лени Кравиц (60) објави видео од сала за вежбање на Инстаграм и изненади многумина со изборот на облеката за вежбање.

Кравиц вежбал облечен во кожни панталони, мрежеста маица, чизми и очила за сонце.

„Му благодарам на Господ за денешниот ден! Благодарен сум за сè и никогаш не сум бил подобар. Сè е можно“, порачал тој во описот на објавата која предизвика многу коментари.

 

„Кој вежба во кожни панталони? Само Лени“, „Каква легенда си ти“, „Само Лени може да вежба во оваа облека и да не трепне“, „Ова треба да стане тренд“, „Ова е лудо“, „Јас не можам да поверувам дека овој човек има речиси 60 години“, „Те обожавам, вежбај во што сакаш“, „Овој стајлинг е предобар“, му порачаа обожавателите.

Лени Кравиц често добива комплименти за својот изглед. Минатата година ги одушеви обожавателите со спотот за песната „TK421“ во кој се појави гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот