ВИДЕО: „Острите сечила“ преслаби за моќниот Челси!

Фото: EPA-EFE/Ben Stansall/POOL

Фудбалерите на Челси го совладаа на свој терен Шефилд јунајтед со 4:1, во натпреварот од осмото коло во Премиер лигата.

Шефилд јунајтед поведе во деветтата минута со голот на Мекголдрик, а домаќините израмнија во 23 минута преку Абрахам.

Следуваше целосниот пресврт на лондонските „сини“ кои на крајот славеа и доста убедливо. Во 34 минута за 2:1 стрелаше Чилвел, предноста ја зголеми Силва, а во листата на стрелците се запиша и Вернер.

Играчите на менаџерот Френк Лампард дојдоа до четвртата победа сезонава и моментно се третопласирани со 15 бодови.

Клубот од Шефилд и натаму е без триумф, освои само еден бод и се наоѓа на дното на табелата.

ВИДЕО: Лидс убедливо поразен, цел меч за Алиоски против Кристал Палас!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот