ВИДЕО | Осма победа за Јувентус во низа без примен гол

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус го победија Удинезе со 1:0 во 17. коло од Серија А.

„Старата дама“ стигна до тешка но заслужена победа, а ја обезбеси дефанзивецот Данило со голот во 86. минута.

 

Пред неколку дена Јувентус се извлече и победи против Кремонесе со гол на Милик длабоко во судиското продолжение, нешто слично се случи и вечерва. Треба да се спомене дека Јувентус сезонава се сепцијализираше за вакви победи затоа што го постигна и осмиот гол по 80-тата минута.

Сега Јувентус е втор на табелата со 37 бода што е четири помалку од лидерот Наполи и еден повеќе од третопласираниот Милан, црно-белите имаат и натпревар повеќе. Удинезе од друга страна е осми на табелата со 25 бода. Македонскиот напаѓач Илија Нестровски денес во игра влезе во 87-та минута.

Тимот на Алегри влезе во една победничка серија пред се поради играта во одбраната затоа што Јувентус врза осум победи без примен гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот