ВИДЕО | Омилениот колач во поранешна Југославија: Слатка излеана пченкарна пита

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Recepttura

Слатката излеана пита од пченкарно брашно беше дел од сите убави семејни настани во поранешна Југославија.

Оваа пита се наоѓаше на трпезата во речиси секој дом, а домаќинките ја подготвуваа за миг.

За да ја подготвите излеана пченкарна пита, потребни ви се само неколку минути. Освен тоа, состојките од кои се прави се евтини, а има незаборавен вкус.

Ви го пренесуваме основниот рецепт.

Состојки:

– 4 јајца
– 200 грама шеќер
– 350 грама пченкарно брашно
– 4 децилитри млеко
– 2 децилитри масло
– 1 прашок за печиво

Подготовка:

Во пченкарното брашно измешајте го прашокот за печиво и оставете го настрана. Искршете ги јајцата, ставете ги во сад за матење и додадете шеќер. Мешајте 2-3 минути додека не добиете мазна, густа и светла смеса. Потоа во неа малку по малку додајте масло и миксирајте на најмала брзина.

Во добиената смеса додајте го пченкарното брашно и добро измешајте.

Плехот премачкајте го со масло или путер и посипете со малку пченкарно брашно, па сипете ја смесата. Смесата ставете ја во загреана рерна на 190 степени и печете го колачот помеѓу 20 и 30 минути. Ќе знаете дека колачот е испечен кога ќе добие златно-жолта боја и ќе се одвои од рабовите на плехот за печење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот