ВИДЕО: Објавена снимка од железничката несреќа во Грција, возовите возат на иста пруга

Foto: Profimedia

На социјалните мрежи се појави видео од судирот на патничкиот и товарниот воз во близина на градот Лариса, каде сегашните проценки се дека загинале 40 патници.

Од видеото се гледа како возовите возат на иста пруга и се движат со брзина од 166 километри на час, но не можат да го избегнат судирот, пренесува „Прототема“.

Според грчките медиуми, се проценува дека бројот на загинати ќе се зголеми. На лекување се 72 повредени, од кои шестмина се на интензивна нега. Претходно грчката државна телевизија ЕРТ објави дека меѓу 50 и 60 лица се уште се водат како исчезнати.

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка, а премиерот Киријакос Мицотакис, по посетата на местото на несреќата, трагедијата ја опиша како „неопислива“ и изрази искрено сочувство до роднините на жртвите.

ВИДЕО | Најмалку 32 загинати и 85 повредени во железничката несреќа во Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот