Видео: Објавена снимка од Стрелков на суд во Москва, му се закануваат пет години затвор откако го критикуваше Путин

Игор Гиркин Стрелков/Фото: ГУР/Фејсбук

Руските власти денеска го уапсија познатиот руски националист Игор Гиркин, кој јавно ги критикуваше Владимир Путин и шефовите на војската за начинот на кој ја водат војната во Украина. Сопругата и адвокатот на Гиркин изјавија дека властите се умориле од неговите критики на специјалната воена операција.

Руските обвинители побараа од судот во Москва да го приведе Игор Гиркин под обвинение за поттикнување екстремистички активности, јавуваат руските новински агенции, а пренесува Скај њуз. Гиркин, познат и како Стрелков, претходно го обвини Владимир Путин за слабо одлучување за време на инвазијата на Украина.

Сопругата на Стрелков го потврди притворот. Според неа, персоналот на Истражниот комитет пристигнал околу 11:30 часот и го однел нејзиниот сопруг во непознат правец. Таа додаде дека Стрелков е обвинет по член 282 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој опфаќа екстремизам.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до пет години, јавуваат руските агенции ТАСС и РИА. Антон Герашченко, советник на украинското Министерство за внатрешни работи, на Твитер објави видео од Гиркин за време на судското сослушување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот