ВИДЕО: Невиден скандал, срамен транспарент на навивачите на Панатинаикос

фото: twitter.com/AEKINSIDER

Дербито од шестото коло од грчкиот фудбалски шампионат меѓу градските ривали Панатинаикос и АЕК не можеше да помине без инциденти.

Причината е убиството на навивачот на АЕК, Михалис Кацурис по тепачката во која учествуваа и навивачи на Динамо, „Бед Блу Бојс“.

Познато е дека фановите на Панатинаикос имаат „братски односи“ со навивачите од Хрватска, па закачија транспарент во нивна чест.

На стадионот „Апостолос Николаидис“ се собраа околу 16.000 гледачи, домаќините пред натпреварот ја кренаа паролата „Ослободете ги Бед блу бојси“, поради што фудбалерите на АЕК го напуштија теренот и заминаа кон соблекувалната. Тие се заканија дека нема да дојдат на натпреварот доколку не се отстрани транспарентот.

Околу 100 уапсени навивачи на Динамо се во грчките затвори и нема индикации кога би можеле да бидат ослободени. Претходните денови на барање на Грција хрватската полиција уапси неколку навивачи на Динамо кои по нередите на почетокот на август успеаја да се вратат во Хрватска.

Мечот во Атина подоцна продолжи, на крајот триумфираше екипата на АЕК со 1:2 против Панатинаикос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот