ВИДЕО: Неверојатен поен на Рубљов против Бублик на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Седмиот тенисер во светот, Русинот Андреј Рубљов денеска се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако по пет сета го совлада Казахстанецот Александар Бублик со 7:5, 6:3, 6:7, 6:7, 6:4.

До победата над 26 тенисер во светот Рубљов стигна по три часа и 20 минути игра. Во четвртфиналето Рубљов ќе игра против подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Хуберт Хуркач.

На следниот видео запис погледнете еден неверојатен поен на Рубљов на мечот против Бублик.

Пласман во четвртфиналето обезбеди уште еден руски тенисер, 92 играч во светот, Роман Сафиулин совладувајќи го Канаѓанецот Денис Шаповалов со 3:1 по сетови 3:6, 6:3, 6:1, 6:3.

Русинот го совлада 29 тенисер на АТП листата, победувајќи по два часа и 12 минути игра. Тој во четврт-финалето ќе игра против осмиот носител Јаник Синер (Италија) кој беше подобар од Даниел Елахи Галан (Колумбија) со 7:6 (4), 6:4 и 6:3.

Пласман во следната фаза обезбеди и Бугаринот Григор Димитров кој со 6:2, 6:3 и 6:2 го совлада Американецот Френсис Тиафо. Следен противник на Бугаринот е шестиот носител, Данецот Холгер Руне.

Во женска конкуренција успешно продолжува четвртата носителка, Џесика Пегула од САД која со 6:1 и 6:3 ја елиминираше Лесија Цуренко од Украина. Следна противничка на Пегула во четвртфиналето ќе биде Маркета Вондрушова која во чешкиот дуел ја надигра Марие Бузкова со 2:6, 6:4 и 6:3.

Мира Андреева во руската пресметка со 6:2 и 7:5 ја совлада Анастасија Потапова и за пласман во четвртфиналето ќе игра со Медисон Киз од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот