ВИДЕО: Необична глетка – торнадо над Охридското езеро преврте чамец

Торнадо над Охридското езеро/Фото: Скриншот/Фејсбук

Туристи кои се сместени во апартманите меѓу селата Лагадин и Пештани снимија необична појава вчера над подвршината на Охридското езеро.

Имено, ветерот кој врши центрифугално движење формира торнадо, кое со голема брзина се движи по површината на водата.

Во еден момент поминува и преку чамците во езерото при што превртува еден од нив.

Тоа го коментираат и лицата кои снимаат видеото и го посматраат движењето на торнадото кое охриѓани го викаат „пијајца“.

Ваквите појави не се чести над Охридското езеро, но силното невреме проследено со дожд, грмежи и ветер кое беснее низ целата држава ја предизвика оваа необична природна појава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот