ВИДЕО: Навивачите на Барселона претепале поранешен фудбалер на Ајнтрахт

Околу 30.000 навивачи ги бодреа фудбалеритф на Ајнтрахт во Барселона/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт приреди вистинско изненадување елиминирајќи ја Барселона во четвртфиналето од Лигата на Европа, а притоа имаше неверојатна поддршка од своите навивачи.

Челниците на Барселона открија дека околу 30.000 навивачи на Ајнтрахт беа присутни на „Камп Ноу“ и ја гледаа победата на своите фудбалери.

Меѓу навивачите на Ајнтрахт беше поранешниот чешки репрезентативец и играч на германскиот тим, Мартин Фенин кој откри дека бил претепан од фановите на Барселона. Имено, по завршување на натпреварот, Фенин бил нападнат од неколку навивачи на Барелона кои го турнале на земја и потоа го удирале по телото.

За среќа Фенин поминал без потешки повреди, а потоа на социјалните мрежи објави видео од нападот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Fenin (@martin.fenin_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот