ВИДЕО | Навивач го праша Мбапе дали би потпишал за Арсенал, Французинот се изнасмеа

Фото: Screenshot

Aко не се случи некаков голем пресврт Килијан Мбапе на крајот од сезоната ќе го напушти Пари Сен Жермен, а негова наредна дестинација според најавите треба да биде Реал Мадрид. Сега францускиот голгетер се најде во една интересна ситуација.

Имено, на социјалните мрежи се појави видео во кое еден навивач го прашува Мбапе дали би можел да се пресели во Арсенал.

Во прв момент Мбапе се насмеа, но навивачот беше упорен па му кажа дека таму добро би се грижеле за него.

„Не, не, нема шанси“, одговори Мбаше.

На крајот навивачот го праша и зошто не сака да потпише за Арсенал.

„Па, премногу е ладно таму“, изјави францускиот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот