ВИДЕО | Наполи уште еднаш пресилен за Ајакс, 15 минути за Елмас, „нула“ на „Ванда Метроплитано“

Наполи - Ајакс/12 Октомври 2022/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Од 18:45 часот се одиграа два натпревари во вечерашната програма во Лигата на шампиони, Наполи уште еднаш го надигра Ајакс и на свој терен славеше со 4:2. Атлетико Мадрид и Клуб Бриж ремизираа без голови 0:0.

Наполи е сигурен лидер на табелата во групата „А“ со 12 освоени бодови, Ајакс остана на три. Вечерва играат Ренџерс и Ливерпул, шкотскиот тим е без бодови, а Ливерпул има шест. На „Ванда Метрополитано“ домаќинот беше под притисок да го совлада Клуб Бриж, но шампионот на Белгија на крајот освои бод.

Наполи победата против Ајакс ја најави уште во првите 15-тина минути кога преку Лозано и Распадори поведе со 2:0. До крајот на полувремето видовме уште по некоја шанса, меѓутоа резултатот не се промени.

На стартот од вториот Класен намалува на 2:1, а за ново водство од два гола на Наполи се погрижи оваа сезона одличниот Кварташкелија кој реализираше пенал во 62. минута. На ист начин во 83. минута Бергвин стрелаше за 3:2. Сепак, до крајот Наполи не дозволи изненадување и Осимен ги постави конечните 4:2.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од натпреварот, го замени Кварташкелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот