ВИДЕО: Напад врз Москва со дронови

Фото: Profimedia

Москва рано утринава беше нападната со беспилотни летала од правец на Украина, но тие беа пресретнати и уништени и нема жртви, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува CNN.

CNN информира дека украинските разузнавачи ја презеле одговорноста за нападот со беспилотно летало на Москва. Од Русија најавуаат дека же возвратат на нападот. Кремљ, исто така, отфрла дека руските сили биле насочени кон Православната црква на преобраќањето во Одеса, но тврди дека украински проектил за противвоздушна одбрана го погодил храмот.

Москва најавува дека ќе возврати на нападот 

Руското Министерство за надворешни работи вели дека земјата го задржува правото да го возврати ударот откако ја ја обвини Украина за нападот на Москва и Крим со беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека украинските сили го нападнале Крим со 17 беспилотни летала преку ноќта, како и две други беспилотни летала во Москва.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот