ВИДЕО: Најлоша сезона за „Старата дама“ во последните 10 години

Помали се приходите во Јувентус поради немањето натпревари во ЛШ/фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Фудбалерите на Јувентус непријатно ги изненадија своите навивачи во рамките од 36 коло во Серија А со гостинскиот пораз кај Џенова (2:1).

Новото засилување на клубот од Торино, Душан Влаховиќ се наоѓа во криза, бидејќи веќе четврти меч по ред завршува без постигнат гол.

Водеа гостите со голот на Дибала од 48 минута, а домаќините направија пресврт во самиот финиш, најпрвин израмни Гудмундсон во 87 минута, а конечниот епилог го постави Кришито од пенал во 95 минута.

Пред Џенова да го постигне победничкиот гол, Кин на спротивната страна имаше убава шанса да се запише во листата на стрелците, но не успеа да ја затресе мрежата.

Инаку, Јувентус со новиот кикс ќе ја заврши сезоната со најмал број освоени бодови во изминатите 10 години, најмногу што може да постигне е 76, колку што имаа во претходните натпреварувачки сезони, а последен пат беа под таа бројка беа во сезоната 2011/2012.

Претходно Интер со триумф ја продолжи трката за Скудетото по пресвртот на домашен терен против Емполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот