ВИДЕО | Најчевска: Човештвото како да е на ниво на развојот кога почнува да ја сознава својата инфантилност

-Не е возможна демократија кога имате толку омраза. Таа во принцип значи разговор, комуникација, градење на заеднички ставови, обезбедување на интересите на голем број граѓани. Но се стекнува впечаток дека во денешно време како да се намалува чувството за јавносто добро, за она што е бенефит на целата заедница, изјави Мирјана Најчевска во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Најчевска смета дека општествата и луѓето стануваат многу затворени и себични во однос на одредени свои посебни интереси и потреби, задоволување на желби и пандемијата во голема мера некако им помогна во овој облик н затворање.

-Исто така еден од големите проблеми на отсуството на вистинска комуникација е намалувањето на нивото на знаење, на општественото знаење, на знаењето за општествените процеси. Некако технолошкиот развој како да не оди заедно со растот на моралната свест и развојот на чувството дека сите живее на оваа планета и дека немаме резервно место, дека мора да најдеме начин да обезбедиме живот за сите, изјави Најчевска.

-Тоа ме води до друг заклучок дека човештвото е на тоа ниво на развојот кога почнува да ја сознава својата инфантилност. Имено децата се оние кои што не успеваат секогаш да комуницираат меѓу себе, ги изразуваат емоциите на агресивен начин, значи човештвото е во таа фаза на осознавање дека треба да пораснеме и можеби тогаш ќе почнеме да наоѓаме начин на комуникација. Како потврда на ова е тоа што во суштина луѓето можат да искомуницираат многу добро кога станува збор за криминалното договорање, што го потврдува нивото на себичност и го овневозможува да го осознаат јавното добро на ниво на земјина топка, изјави во Утрински брифинг универзитетскиот професор, Мирјана Најчевска.

Целиот разговор со професорката Мирјана Најчевска погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот