ВИДЕО: На денешен ден пред пет години Чупиќ за прв пат го искачи Вардар на европскиот трон

Вардар во 2017 година стана европски шампион/ фото: EPA/SASCHA STEINBACH

На денешен ден пред пет години, ракометарите на Вардар за прв пат успеаја да триумфираат на фајнал-фор турнирот во Келн и да станат европски шампиони.

Вардар на завршниот турнир одигра два драматични натпревари, против Барселона во полуфиналето и против ПСЖ во големото финале. Во полуфиналето, Вардар со голот на Лука Циндриќ успеа да слави над Барселона со 26:25, додека во големото финале херој на „црвено-црните“ беше Иван Чупиќ.


На седум секунди до крајот на финалниот натпревар, Даниел Нарцис израмни на 22:22, по што Раул Гонзалез побар тајм-аут.

Голот на Иван Чупиќ со кој Вардар ја освои првата титула европски шампион/фото: EPA/SASCHA STEINBACH

Шпанецот одлучи последниот шут да му припадне на Иван Чупиќ и не згреши, Хрватот од крилната позиција во последната секунда го совлада Тиери Омејер и за прв пат го искачи Вардар на европскиот ракометен трон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот