ВИДЕО | Мурињо за прославата со детето кое собира топки: Среќа што до мене немаше жена или полицаец…

Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Вчера Рома го победи Удинезе со 3:1, а во овој натпревар специфична прослава имаше тренерот Жозе Мурињо.

Во 90. минута Ел Шарави погоди за 3:1 и токму тој гол донесе голема радост кај Мурињо бидејќи победата беше потврдена.

Португалецот во еуфорија истрча и се фрли во прегратка на едно од децата кои собираат топки.

По натпреварот новинарите му поставија и прашање за тој момент.

„Така го прославив голот бидејќи значеше наша победа. Таму имаше дете, среќа што не беше жена ило полицаец. Детето беше првиот кој го видов до мене“, изјави Мурињо.

 

ВИДЕО: Рома во финишот го урна Удинезе на „Олимпико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот