ВИДЕО | Monty Python’s Flying Circus: Како боговите на мета скечот ја променија комедијата

Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин

„Designed to subdue the violence in us all with gentle sick laughter”

„Monty Python’s Flying Circus“ („Летечкиот циркус на Монти Пајтон“) е најдоброто комично телевизиско шоу на сите времиња. Посебната комична програма со субверзивен хумор доживеа уникатен успех и се покажа како пресврт не само за британската комедија, туку и за комедијата низ целиот свет.

Монти Пајтон / Фото: Принтскрин, IMDB

„Monty Python’s Flying Circus“ (исто така, познат како Monty Python или Python) е британска надреалистична хумористична серија замислена во индиски ресторан од креаторите Греам Чепмен, Џон Клиз, Ерик Ајдл, Тери Џонс, Мајкл Пејлин и Тери Гилијам. Првата епизода беше премиерно прикажана на 5 октомври 1969 година на BBC1, со 45 епизоди емитувани во четири сезони од 1969 до 1974 година.

Летечкиот циркус на Монти Пајтон првпат беше пренесен во 22.50 часот на 5 октомври 1969 година

Скечевите во слободна форма ретко се придржуваат до некоја конкретна тема и се слични само во нивното непочитување на конвенцијата. Шпицата може да се прикаже во средината на скечот на пример, или целосно да се испушти. Во текот на серијата, неколку ликови се повторуваат, но повеќето се напишани исклучиво за скечот во кој се појавиле. Хуморот на серијата симултано е саркастичен, скатолошки(тоалет хумор) и интелектуален.

Монти Пајтон / Фото: Принтскрин, IMDB

„Monty Python and the Holy Grail“

Круната на екипажот од комичари-надреалисти е филмот „Monty Python and the Holy Grail“, чија премиера беше во 1975 година.

Филмот не започнал на висока нога. Буџетот изнесувал околу 400 000 американски долари, половина од него обезбедени од рок ѕвезди, вклучувајќи ги Genesis и Pink Floyd. На првиот ден од снимањето во Шкотска, всушност на првиот кадар, се расипала камерата. Времето било лошо. Хотелот далеку од задоволителен. Греам Чепмен страдал од откажување од алкохол, но ќе стане подобро.

Монти Пајтон, Фото: IMDB-принтскрин
Монти Пајтон / Фото: Принтскрин, IMDB

На денот на неговото прво прикажување во Њујорк, илјада луѓе чекале во ред од 8 часот наутро и филмот заработил 5 милиони, 10 пати повеќе од неговиот буџет. Уште поважно, набрзо станал класика во комедијата. Дијалозите се нашироко и надалеку цитирани, со реплики како „It’s just a flesh wound“ и „Your mother was a hamster and your father smelt of elderberries“.

Пајтоните снимаа уште три филмови(или шест, во зависнот на која група на обожаватели припаѓате).

Како Монти Пајтон засекогаш ја промени комедијата

Прогон на четвртиот ѕид. Богови на мета-скечот, ликовите на Пајтон често коментираа за фактот дека се во скеч. Никој попознат од напнатиот полковник на Греам Чепмен, кој упаѓа, барајќи прекин на дејството бидејќи работите станале премногу „глупави“.

Чапман / Фото: Принтскрин, Јутјуб

Пред Монти Пајтон, телевизиските комичари најчесто беа парови. Но, секстетот ја докажа силата на трупата.

Алергични на класичен крај, Пајтоните или нагло пресекуваат на друг скеч или на некоја анимација на Тери Гилијам, ослободувајќи ги другите идни трупи од чистите завршетоци на спуштената завеса. „The Restaurant Sketch“, во која персоналот од кујната е доведен до самоубиство поради валкана виљушка, е еден од ретките скечеви што завршуваат со шега („Good thing I didn’t tell them about the dirty knife!“), но со намера да биде пародија на практиката.

Ликовите талкаат низ скечеви или анимации. „Minister of Silly Walks“ на Џон Клиз најпрво се појавува на крајот од скечот на тутунарот, носејќи ја публиката заедно со него на неговата долга прошетка до канцеларијата.

Тие не го измислија дрег облекувањето, но им дадоа инспирација на машките групи да допрат до нивните женски страни.

Џон Клиз / Фото: Принтскрин, IMDB

Пајтон не се плашеше да го покаже своето образование од Оксфорд и Кембриџ со натпревари како „Summarize Proust“ и група храбри Австралијци кои пеат за нивните омилени филозофи. Но, им е подеднакво удобно и со гротескниот хумор.

Како би ја опишале динамиката кај членовите на Монти Пајтон?

– Откривме рано дека навистина не може да се напише ништо ако има четири лица таму, бидејќи на еден од четворицата не би му се допаднало она што штотуку беше предложено. Работев со Греам. Мајк и Тери понекогаш пишуваа заедно. Ерик секогаш работеше сам. А Тери Гилијам навистина не пишуваше. Кажувавме што сакаме да направи за да премине од оваа ситуација во таа ситуација, а потоа тој ќе исчезнеше и ќе ги добиевме прекрасните анимации, што ги смислил попладнето, на шоуто, изјави Џон Клиз за „New Yorker“.

Монти Пајтон е најдоброто нешто што ѝ се случило на комедијата со децении. Се прашуваме – ќе има ли некој некогаш да ги наследи?

Априлили: Како се создал денот на шегата и најдобрите измами низ историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот