ВИДЕО: Македонија е емоција, УЕФА ги сподели нашите најсреќни моменти!

Фото: instagram.com/FFMacedonia/

Македонската А репрезентација наредната година ќе игра во своето прво Европско првенство во сениорска конкуренција после победата од 0:1 во Тбилиси против Грузија.

Нашата селекција според најавите ќе игра во Букурешт и Амстердам против Австрија, Украина и Холандија.

Вчера не успеа да обезбеди учество во Лигата „Б“, но најважно е што се пласиравме конечно на едно големо натпреварување.


По тој повод Европската фудбалска куќа (УЕФА) денеска објави едно прекрасно видео од најсреќните моменти во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

Истото видео го сподели и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на чија објава пишува: „Македонија е емоција“.

Познати потенцијалните противници на Македонија во квалификациите за СП 2022

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот