ВИДЕО | Majката на Роналдо заплака по големиот јубилеј на Португалецот

Фото: EPA-EFE/JOSE COELHO

Кристијано Роналдо вчера стигна до 200 настапи за португалската репрезентација и одбележа еден јубилеј кој навистина изгледа неверојатно.

Ваквиот момент предизвика многу емоции и кај мајката на Роналдо. Роналдо доби посебно признание од Федерацијата за неговата долговечност, а камерите во тие моменти ја уловија реакцијата на неговата мајка.

 

Јубилејот Роналдого зачини и со два гола во победата против Словачка од 3:2. Со овие два гола дојде до бројката од 857 голови во кариерата.

Португалецот нема намера да запре и посакува да дојде до бројката од 1.000 голови во кариерата, но свесен е дека ќе биде тешко.

„Ќе биде многу тешко да дојдам до 1000 голови, но тоа ќе зависи и од мојата физичка подготвеност и мојата мотивација. Ако нозете ме слушаат како што јас ги слушам нив, ќе видиме што ќе се случи. Сепак, за да размислувам за 1000 голови, прво треба да стигнам до 900, а тоа мислам дека ќе го остварам“, изјави Роналдо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот