ВИДЕО | Лизо се огласи по драматичната објава: Не се откажувам од музиката, туку…

Лизо / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Американската поп-ѕвезда Лизо (35) пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека „се откажува“ и е „уморна да ја исмејуваат на интернет поради нејзиниот изглед и карактер“.

Многумина веднаш помислија дека таа се откажува од својата кариера и повеќе нема да се занимава со музика, па ја молеа да не го прави тоа. Сега, пејачката преку видео на својот инстаграм-профил објасни за што всушност се работи.

„Сакав да го направам ова видео затоа што морам да појаснам, кога велам: ‘Се откажувам’, мислам дека се откажувам од негативната енергија. Она од што нема да се откажам е радоста на мојот живот, а тоа е правење музика и поврзување со луѓето. Знам дека не сум сама. Во никој случај не сум единствената личност која доживува негативниот глас да биде погласен од позитивниот. Ако можам да дадам барем на една личност инспирација или мотивација да застане за себе и да каже дека се откажува од негативните луѓе, од освојувањето негативни коментари, тогаш сум направила повеќе отколку што се надевам дека ќе направам. Ќе продолжам да одам понатаму и да бидам своја“, кажала пејачката.

Додала и дека е „уморна“ сите да ја напаѓаат и приватно и на интернет. Таа неодамна истакна дека отсекогаш сакала само „да прави музика и да ги прави луѓето среќни и да помогне светот да биде малку подобар“. Сепак, се чувствува како „светот да не ја сака“.

Да потсетиме, во 2023 година, Лизо беше обвинета за сексуално вознемирување и навреда на танчерки кои работеле со неа. Жената која својата кариера ја посвети на докажување дека стандардите за убавина не значат ништо, наводно, ги нарекувала своите танчерки – дебели.

Инаку, таа е американска музичарка, која ја започна својата кариера во хип-хоп музиката. Во 2019 година, таа постигна голем успех со објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, „Cuz I Love You“, кој се искачи на четвртото место на „Билборд 200“.

Дополнително, нејзиниот сингл „Truth Hurts“ од 2017 година стана вирален хит. Таа го достигна врвот на топ-листата „Билборд хот 100“ и стана најдолгата соло песна на женски рап изведувач. Лизо доби осум номинации за Греми награда таа година, повеќе од кој било изведувач.

Минатата година го издаде четвртиот студиски албум „Special“, а Лизо покрај рапувањето и пеењето се испроба и во глума. Таа го позајми гласот за анимираниот филм „Грди кукли“ („UglyDolls“) и се појави во криминалната драма комедијата „Хастлери“ („Hustlers“).

ФОТО | Лизо „се откажува“: Доста ми е од тоа да ме влечат наоколу поради изгледот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот