ВИДЕО | Ливерпул со победа се прости од Европа, Рома вторпат го победи Милан во италијанското дерби

Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Екипата на Рома уште еднаш го победи Милан и заслужено се пласираше во полуфиналето од Лига Европа. Римскиот клуб вечерва по победата од 0:1 на „Сан Сиро“, славеше триумф од 2:1 во натпревар во кој повеќе од еден час имаше играч помалку.

Милан двапати ја победуваше Рома во Серија А, но „волчицата“ им се реваншираше на меѓународна сцена. Манчини брзо по 12 минути игра ја доведе Рома во водство, додека Паоло Дибала со својот трет гол зголеми на 2:0. На пауза се замина со 2:0 за домаќините, додека Милан во вториот дел нападна со сите сили.

Со три замени Пиоли се обиде да го освежи својот тим, меѓутоа неговите избраници само го ублажија поразот со погодокот на Габиа во 86. минута.

На свој терен Ливерпул не успеа да ја надополни негативата од 0:3 од првиот натпревар со Аталанта. Избраниците на Јирген Клоп со голот на Салах по 11 минути игра стигнаа до предност, а некаде на средината на првиот дел Египќанецот пропушти одлична прилика. Во вториот дел Ливерпул имаше иницијатива, меѓутоа не создаде посериозни прилики за гол.

Без настап во полуфиналето од Лига Европа остана и Вест Хем кој ремизираше против Леверкузен (1:1), додека Марсеј на пенали се радуваше против Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот