ВИДЕО: Ливерпул го освои првиот трофеј во сезоната „Комјунити шилд“

Ливерпул ја доби првата битка во сезоната против Манчестер сити/Фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер сити со 3:1 и на тој начин дојдоа до првиот трофеј во новата сезона – Комјунити шилд на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер.

Трофејот Комјунити шилд е најава за почеток на новата премиерлигашка сезона, а на стартот шампионски започнаа Редси предводени од германскиот менаџер Јирген Клоп.

После првото полувреме водеа „црвените“ со голот на Александер-Арнолд во 21 минута после асистенцијата на Салах.

Израмнија „граѓаните“ преку Алварез во 70 минута, па во 83 минута Салах ја врати позитивата на Ливерпул, а во самиот финиш (90+4`) конечниот епилог го постави Нуњез.

Една од најголемите ѕвезди во редовите на Сити, Халанд можеше да се запише во листата на стрелците, но во последните моменти од мечот од петерецот ја погоди пречката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот